Петмина фудбалери во Шпанија позитивни на Ковид-19

Петмина фудбалери од од двете шпански дивизии се позитивни на вирусот Ковид-19, потврдија од таборот на Ла Лига. Засега не се познати имињата на играчите, но се тврди дека нивната состојба е добра и не покажуваат симптоми, а според протоколот сместени се во карантин од каде ќе се следи нивната ситуација.

Ова се резултати по првите тестирања во Шпанија кои започнаа од минатата недела во пресрет на враќањето на екипите во тренажен процес. Според протоколот тестирањата ќе продолжат, а заразените фудбалери ќе добијат дозвола да почнат со тренинг доколку следните два теста покажат негативни резултати.

Голем дел од екипите од Ла Лига веќе ги отворија тренинг-центрите и ги започнаа подготовките пред продолжување на сезоната, а според најавите рестартот треба да се случи во средината на јуни.

- Оглас -

Најнови вести