Петровиќ: Мора да поработиме на скокот, задоволен сум од карактерот

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, смета дека клучна причина за вечерашниот пораз на македонскиот првак во дуелот со ФМП, бил слабиот скок.

„Во третата четвртина се вративме од 15 поени негатива, дојдовме на еден посед од победа, немавме среќа во финишот. Причина за поразот гледам во скокот, имавме 12 скока помалку од ФМП. Мора да поработиме на тој сегмент од играта, инаку задоволен сум од карактерот на тимот“ – рече тренерот на Металците.

- Оглас -

Најнови вести