Петручи триумфираше на потопената патека „Ле Ман“, прв подиум за братот на Маркес

Данило Петручи e седмиот различен возач во Мото ГП кој оствари победа оваа сезона, откако Италијанецот триумфираше на трката за Големата награда на Франција која се одржа на култната патека „Ле Ман“. Дождот правеше големи проблеми за возачите, па така Валентино Роси, Џек Милер и уште четворица возачи не ја завршија трката.

Првпат на подиум во кралската класа се најде Алекс Маркес, братот на актуелниот светски првак Марк Маркес, кој заврши на второто место.

Пол Еспаргаро заврши на третото место, додека големо разочарување претрпи Фабио Квартараро кој почна од пол-позиција за на крајот да остане на деветтото место.

https://twitter.com/MotoGP/status/1315260042581602304

- Оглас -

Најнови вести