Пике: Како арбитрите да не судат за Реал кога 85 отсто од нив се од Мадрид

Жерар Пике е познат како еден од најголемите „хејтери“ на Реал Мадрид. Дефанзивецот на Барселона и во последното интервју кое го даде, не заборави да го „чепне“ најголемиот ривал. Според Пике, Реал има постојано помош од судиите, но тоа и дека не е толку чудно затоа што најголем дел од арбитрите доаѓаат од главниот град на Шпанија.

„Еден поранешен судија, не се сеќавам кој беше, можеби Итуралде, рече дека дури 85 отсто од арбитрите се од Мадрид. И како после тие судии да не судат во корист на Реал? Можеби е тоа несвесно, но сигурно е дека нема да судат во корист на нивните противници“, рече Пике.

По првиот дел од сезоната во Шпанија, ниту Реал ниту Барселона не се лидери. Таа чест ја има Атлетико Мадрид, тим кој по 19 одиграни меча освои 50 бодови. Реал и Барселона одиграа по 20 средби и имаат 10 бода помалку од Јорганџиите.

 

- Оглас -

Најнови вести