Пике му се враќа на фудбалот – ќе биде тренер

Поранешниот капитен на Барселона и член на трофејната шпанска репрезентација, Жерар Пике, најави враќање од пензија, но нема повторно да ги облече копачките.

Пике кој во 2022 година замина во пензија, планира да му се врати на фудбалот и тоа како тренер, а оваа вест ја објави на социјалните мрежи.

„Многу размислував и одлучив да му се вратам на фудбалот. Овој пат не како играч, туку како тренер. На крајот од неделата ќе откријам повеќе детали“, напиша Пике на Икс (поранешен Твитер).

Пике во играчката кариера има настапувано само за три тима, првиот е Манчестер јунајтед, потоа беше една сезона на позајмица во Сарагоса и во Барселона каде остави најголема трага. Беше дел од најдобрата генерација во историјата на Барселона која освои три титули во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести