Пике за 450.000 евра купи место во третата шпанска лига за неговиот клуб

Жерар Пике, ѕвездата на Барселона, од пред неколку месеци стана сопственик на екипата на Андора од истоимената држава на Пиринеите.

Овој клуб, кој е основан во 1942 година, во договор со Шпанската федерација се натпреварува во пониските лиги на првенството во Шпанија. Последните неколку години Андора беше дел од четвртата лига во Шпанија, а од новата сезона конечно ќе оди еден ранг повисоко.

Како што пишуваат шпанските медиуми, сопственикот Пике решил да плати 450.022 евра за да го купи местото на Реус Депортиво во третата лига на Шпанија. Освен Андора, на истиот начин влез во третата лига очекуваа и екипите на Замора и Интер Сити, но на крајот Андора ја доби можноста да игра во повисок ранг.

Главна цел на Пике е да успее да го внесе тимот во Сегунда дивисион. Од неодамна започната е и изградба на стадион, кој ќе има капацитет од 15 000 седишта.

 

- Оглас -

Најнови вести