Пике си создаде огромни проблеми со коментарите околу шпанските судии, може да биде суспендиран на 12 месеци

Жарарт Пике, стоперот на Барселона, се најде во големи проблеми поради негативните коментари околу шпанските судии.

Ескпререзентативецот на Фуријата ги обвини арбитрите дека судат во корист на Реал Мадрид бидејќи голем дел од нив се фанови на Кралскиот клуб, по што Федерацијата на Шпанија се подготви да покрене истрага против Пике.

Доколку се утврди дека Пике прекршил одредени правила, може да биде парично казнет од 600 до 3.000 евра, меѓутоа поголем проблем прави евентуалната суспензија. Дисциплинската комисија може да го казни Каталонецот со 12 месеци неиграње доколку најде докази дека коментарите на Пике влијаат врз арбитражата во Ла Лига.

Тоа би било голем удар за него, но и за Барселона ако се знае дека Пике повеќе од една деценија е главен адут на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести