Пикфорд ангажираше телохранители откако доби смртни закани по дербито против Ливерпул

Џордан Пикфорд, голманот на Евертон и англиската репрезентација, беше принуден да ангажира телохранители откако во неколку наврати добил смртни закани по дербито против Ливерпул кое се одигра пред десетина дена.

Пикфорд непромислено стартуваше врз Вирџил ван Дајк, по што клучниот стопер на Црвените се здоби со тешка повреда на коленото поради која ќе ја пропушти целата сезона. Смртни закани биле упатени и кон неговата сопруга, па затоа морал да ангажирал служба за безбедност да го чува неговото семејство.

Инаку Пикфорд се спаси од санкции во текот на градското дерби, а и по мечот, откако му наштети на Ван Дајк, меѓутоа со денови трпеше критики од медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести