Пикфорд можеше да заработи црвен картон, ама судијата заборави на едно правило

Повредата на Вирџил ван Дајк уште е центар на внимание во Англија. Дефанзивецот на Ливерпул ќе паузира до крајот на сезоната откако беше повреден по крвничкиот старт на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. Со две нозе директно во коленото на Ван Дајк стартуваше Пикфорд, а за тоа не доби ни жолт картон, иако требаше да биде исклучен.

Голманот се спаси поради тоа што беше досуден офсајд од страна на Ван Дајк, но според правилата, судијата сепак требало да се послужи со ВАР-системот и да види колку е остар стартот на Пикфорд. Ако се гледало повторена снимка, јасно е дека голманот на Евертон ќе беше исклучен, но тоа не се случи.

Од Фудбалската федерација на Англија посочија дека не планираат дополнително да го истражуваат целиот случај, ниту дека се подготвува некаква казна за Пикфорд. На крајот, „најдебелиот крај“ го извлече Ван Дајк, кој ќе паузира седум месеци.

Од Ливерпул веќе размислуваат за тоа кој играч да го доведат на местото на Холанѓанецот, а фокусот е на дефанзивец кој минатата сезона со својот тим играше во полуфиналето од Лигата на шампиони.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести