Пикот на Јокиќ се потврди за време на реклама, а сега ќе биде најплатен во историјата (видео)

Никола Јокиќ од вчера и официјално е најкорисен играч во НБА-лигата за сезоната 2020/21. Тој е првиот центар по Шекил О’Нил од 2000 година кој ја добива МВП наградата и прв по Коби Брајант во 2008 година кој не пропушти ниту еден натпревар во регуларниот дел од сезоната.

Никогаш претходно не се случило МВП да биде пик на еден драфт од втората рунда, а Јокиќ беше избран од Денвер како 41-ви избор во 2014 година. Додека Нагетси го избираа Јокиќ, се емитуваше реклама за брза храна. Неговиот пик помина сосема незабележано, но седум години подоцна целата НБА му се поклони на популарниот Џокер.

Со самот освојување на најпрестижанта индивидуална награда, Јокиќ може да потпише „супер-макс“ договор, односно да ја продолжи соработката со Денвер почнувајќи од 2022 година. Српскиот центар така ќе го потпише најбогатиот договор во историјата на НБА, вреден 241 милион долари.

- Оглас -

Најнови вести