Пикси имал понуда од Саудиска Арабија: “Да бев фудбалер ќе прифатев, вака нема шанси“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, имал понуди да седне на клупата на клубот од Саудиска Арабија, Ал-Ахли, но тој ја одбил таа понуда бидејќи има договор со ФСС и сака со Србија да се пласира на Европското првенство. Тој ги коментираше и трансферите на Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ на Блискиот исток.

– “Да сум фудбалер, истото би го направил, но штета, веќе не играм. И покрај неколкуте понуди кои ги имав, во старт бев категоричен и реков дека не сакам да преговарам бидејќи сум под договор со ФСС. Низ мојата кариера знам тоа да го почитувам и и не сакам на работам позади грб на никој.“ – вели Пикси.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести