Пикси со премија од 1,14 милиони евра затоа што ја одведе Србија на ЕП 2024

Репрезентацијата на Србија за првпат по пауза од 24 години ќе игра на Европско првенство. Србија вчера одигра 2:2 против Бугарија и тоа беше доволно да заврши како втора во својата група и да обезбеди место на континенталниот собир. Секоја селекција со самиот пласман на ЕП добива премија од УЕФА во вредност од 9,5 милиони евра.

Според пресметките, 40 отсто од оваа сума оди за фудбалерите кои треба да поделат 3,8 милиони евра, додека останатите 5,7 милиони евра се за Федерацијата на Србија. Според неофицијални информации, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, ќе заработи 1.140.000 евра, што е 12 отсто од вкупната премија.

Многумина се чудат како може селекторот да заработи толку многу пари, но факт е дека тој е првиот кој успеа да ја одведе Србија на завршница на ЕП по пауза од речиси две и пол децении.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести