Пиоли: Бевме најдобри до сега, се надевам дека и утре ќе бидеме најдобри

Фудбалерите на Милан, но и сите симпатизери на Росонерите се надеваат дека утревечер ќе стават титула во италијанското првенство. Милан е лидер на табелата со 83 бодови, два повеќе од второпласираниот Интер, а останува да се одигра само уште еден меч.

Милан гостува кај Сасуоло и Црвено-црните доволно е да не загубат за да бидат нови шампиони во Серија А. Тренерот Стефано Пиоли досега никогаш не се радувал на освојување на Скудето, па тоа е и посебен мотив за него.

„Сасуоло е тим кој има многу квалитет посебно во офанзивниот дел. Ако правиш грешки при изнесување на топката од својата половина, многу лесно може да се случи да те казнат. Бевме најдобар тим до тука, но треба да бидеме најдобри и утре. Самите си создадовме неверојатна шанса и сега треба да ја искористиме“, вели 56-годишниот Пиоли.

Ако Милан утре ја освои титулата, тоа ќе биде вкупно 19-то Скудето за Росонерите и ќе се израмни со градскиот ривал Интер.

- Оглас -

Најнови вести