Пиоли е реален: Далеку е овој Милан од тоа да се бори против најдобрите тимови во Лигата на шампионите

Милан вчеравечер ги заврши своите настапи во Лигата на шампионите.

Италијанскиот гигант загуби на домашен терен од Ливерпул со 2:1 и заврши на последното место во групата со четири освоени бодови.

Тренерот на овој тим, Стефано Пиоли е свесен дека ги чека долг и макотрпен пат да го вратат клубот кон старите успеси.

„Секако дека имаме одредена ‘горчина’ бидејќи мислам дека можевме подобро против Порто и Атлетико, но треба да бидеме реални.

Во моментов сме далеку зад тоа да се бориме со најдобрите клубови во Лигата на шампионите и тоа е факт.

Сега ни останува да се фокусираме во Серија А и да обезбедиме што подобар пласман“ изјави Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести