Пиоли има своја математика: Наполи му даде четири гола на Ливерпул, а нам ни шутна само четири пати!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не сакаше да ги обвини своите фудбалери за поразот дома од Наполи во дербито на Серија А правејќи „весела математика“.

„Наполи постигна четири гола против Ливерпул, не можевме да мислиме дека тие нема да шутнат ниту еднаш кон нашиот гол. Но, тие имаа само четири шута во рамките на нашиот гол. Наполи има силен среден ред и добри крила, ги знаеме нивните квалитети, но и ние се покажавме како добра екипа. Мислам дека игравме подобро од Наполи, но, за жал, немавме среќа и треба да бидеме лути што не извлековме добар резултат“, изјави Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести