Пиоли исполни едно необично ветување и покажа дека е човек од збор

Навивачите на Милан по повеќе од една деценија се радуваа на титулата во италијанското првенство, а еден од најзаслужните за овој успех секако е тренерот Стефано Пиоли.

Додека траеше трката за скудетото, Пиоли даде ветување дека тој ќе вози со велосипед дестинација од 130 километри, доколку Росонерите стигнат до трофејот. тоа се случи, па Пиоли реши да го исполни дадениот збор.

Стратегот на Милан заедно си една група негови пријатели, со велосипеди тргнаа од Парма и водеа до планинскиот превој Циса, кој е дел од лигурските Апенини. Вкупната дестинација од 130 километри била совладана, иако дополнителен проблем им создавало топлото време.

Пиоли претходно исполни уште едно ветување, откако го истетовира Скудетото со бројот 19.

Милан од неодамна има нови сопственици откако RedBird Capital Partnersa Gerry Cardinale плати 1,3 милијарди евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести