Пиоли ја напушти Фиорентина, Монтела нов тренер на „виолетовите“

Винченцо Монтела се наоѓа пред вратите на Фиорентина откако е најавено дека „Аеропланино“ ќе ја преземе клупата на „виолетовите“, само неколку часа по заминувањето на Стефано Пиоли. Пиоло сам си даде оставка, главна причина се слабите резултати, а Фиорентина издвои само една победа во последните 11 првенствени меча, па се наоѓа на средина на табелата во Серија А.

Клупата ќе ја преземе добро познато име за фанатиците на клубот од Фиренца, Монтела три години беше предводник на овој клуб, во периодот од 2012 до 2015 година. Со него, Фиорентина во три последователни сезони завршуваше на четвртото место, стигна до финалето на Купот на Италија, каде што загуби од Наполи, додека во сезоната 2014/15 беше полуфиналист во Лигата на Европа, каде што претрпе елиминација од подоцна освојувачот на натпреварувањето, Севилја.

Италијанските медиуми тврдат дека веќе е постигна договор, Монтела ќе биде во Фиорентина најмалку до 2020 година, со можност соработката да се продолжи уште на една дополнителна сезона. Исто така познати се цифрите кои ќе ги заработува Монтела, годишната плата изнесува 1,5 милиони евра.

Фиорентина на 14 април ја пречекува Болоња во рамките од 32-рото коло, меч на кој се очекува Монтела по вторпат да дебитира на клупата на „виолетовите“.

- Оглас -

Најнови вести