Пиоли: Кога водиш со 2-0, треба да го добиеш мечот

Милан испушти предност од 2-0 на гостувањето кај шампионот Наполи и стигна само до 2-2 на ова дерби, а тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли, призна дека е разочаран од резултатот.

„Голема грешка ни беше првиот примен гол зашто со тоа му дозволивме на противникот психички да се врати во мечот. Според тоа колку шанси создадовме, два постигнати гола се премалку, мора да имаме подобра реализација. Разочарани сме што си одиме дома само со еден бод. Кога водиш со 2-0, мора да го контролираш и треба да го добиеш мечот, а можевме и да загубиме”, изјави Пиоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести