Пиоли: Момците треба да бидат горди, Милан докажа дека е кандидат за титулата

Јувентус со победата над Милан од 3-1 и тоа во Милано, докажа дека нема намера така лесно да ја препушти титулата во Серија А, и внесе поголема неизвесност во трката за Скудетото. Милан остана прв, па затоа и тренерот Стефано Пиоли е оптимист дека Милан може да биде шампион.

„Најпрвин го направивме тоа што требаше, но после утнатата шанса за 2-1 и примениот гол за 1-2, не успеавме да се вратиме во мечот. Во одбрана можевме да играме и малку подобро, задоволен сум што тимот излезе на терен фокусиран и со правилен пристап. Им кажав на момчињата дека можат да се гордеат со себе. Покажаното ниво демонстрира колку е добар Милан“ – рече Пиоли.

За Милан ова беше прв пораз сезонава, но беше и за очекување, бидејќи ги немаа Ибрахимовиќ, Бенасер, Тонали, Салемекерс, Габија, Ребиќ и Круниќ.

Од друга страна, Андреа Пирло кој е играчка легенда на Милан, а сега е тренер на Јуве, рече дека неговиот тим го направил тоа кое што морал да го направи.

„Важно ни беше да победиме. Не ги гледаме резултатите на тимовите кои се пред нас на табелата, фокусирани сме на нашите игри и за некој месец ќе видиме дали сме биле успешни во тоа. Успеавме да го неутрализираме нападот на Милан, при нивниот гол имаше фаул и судијата требаше да го отсуди, но не го стори тоа“ – изјави Пирло.

Според Пирло, клучен тактички потег бил поставувањето на Федерико Кјеза на страната која ја брани Тео Ернандес.

- Оглас -

Најнови вести