Пиоли: Не ја потценивме Ѕвезда, заслуживме подобар резултат

Милан со поволен резултат од 2-2 замина од Белград по првиот дуел против Црвена ѕвезда, кој речиси беше добиен пред израмнувачкиот гол на Милан Павков во третата минута од судиското надополнување.

Росонерите на теренот излегоа со прилично комбиниран состав, додека Златан Ибрахимовиќ беше резерва и остана на клупата. Тренерот Стефано Пиоли посочи дека не го потценил српскиот шампион со тоа што го одмораше Швеѓанецот, но жали што не беше обезбеден тирумфот.

„Никако не ја потецнивме Ѕвезда, на теренот ги пуштив најподготвените фудбалери во моментот. Не бевме лоши и заслуживме подобар резултат, но за тоа требаше да искористиме повеќе шанси за погодок, нешто што ќе гледаме да го поправиме веќе во следниот натпревар“, посочи Пиоли.

Италијанскиот стратег во пресрет на дербито на Милано против Интер наиде на проблем, вчера му се повреди играчот за врска Бенасер, кој засега е неизвесен за дуелот против Нераѕурит,е кој е закажан за во недела попладне.

- Оглас -

Најнови вести