Пиоли: Не ме интересираат претходните мечеви со Интер

Екипите на Интер и Милан утре ќе го играат петото градско дерби во 2023 година. Нераѕурите имаат целосна доминација на последните четири меча на кои победуваа. Оваа година, Интер два пати беше подобар во Лигата на шампиони (1:0 и 2:0), а победи со 1:0 во Серија А, додека во Супер купот на Италија славеше со 3:0. Тоа значи дека вкупната гол разлика во 2023 година е седум дадени гола за Интер и нула за Милан.

И покрај оваа очајна низа на Милан, тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли е оптимист.

„Не ме интереснираат претходните дерби дуели, фокусиран сум само на утрешниот дуел. Ако е така, тогаш може да збориме и за тоа што беше пред две години кога ние ја освоивме титулата. Двата тима стартуваа многу добро во првенството, а ние сакаме да продолжиме во тој ритам. Убеден сум дека можеме да стигнеме до добар резултат во дербито“, рече Пиоли.

По досега одиграните три кола во Серија А, Милан и Интер се единствени екипи со перфектен биланс и досега освоија по девет бодови. Интер е единствен што досега нема примено ниту еден гол, а двата милански гиганти постигнаа по осум гола во првите три кола.

ж

- Оглас -

Најнови вести