Пиоли: Ние го знаевме Жолтиот ѕид, но Дортмунд не ја знае енергијата на „Сан Сиро“

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, верува дека публиката на стадионот „Сан Сиро“ може да биде клучен фактор во евентуална победа на неговиот тим во утрешниот меч со Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите.

На две кола до крајот на групната фаза, Милан во моментов е трети во групата, со два бода помалку од лидерот Борусија и еден бод помалку од вториот Пари Сен Жермен. Последен е Њукасл, кој има еден бод помалку од Росонерите од Милано, па секој бод во оваа „група на смртта“ може да биде важен.

На првиот меѓусебен дуел во Дортмунд резулатот беше 0-0.

„Борусија е силен тим кој може секому да му направи проблеми, па ќе мора да играме 95 минути како да ни зависи животот од овој меч. Ние го знаевме Жолтиот ѕид во Дортмунд, но тие не ја знаат енергијата на ‘Сан Сиро’ во ЛШ. Сигурен сум дека навивачите ќе ни помогнат. Многу ни е важно да одиме во нокаут-фазата во ЛШ, овој меч може да биде клучен за нашите амбиции“, вели Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести