Пиоли: Против Наполи ќе ни биде полесно отколку против Емполи

Милан синоќа одигра само 0-0 против Емполи, и имаше неуспешна генерална проба пред дуелот со Наполи од Лигата на шампионите закажан за в среда.

Росонерите иако имаа 22 шута во рамките на голот, не успеаја да ја затресат мрежата на просечниот Емполи, но Пиоли најавува дека против Наполи ќе биде сосема поинаку.

„Резултатот беше лош, но не и играта, едноставно топката не сакаше да влезе во гол во второто полувреме, а во првото требаше да притиснеме посилно и да играме со поголем интензитет. Задоволен сум од играта, тимот е во добра форма“ – рече Пиоли.

Милан пред ова разочарувачко реми, го разби Наполи со 4-0.

„На тој меч во Неапол ние повеќе ја посакувавме победата, и тоа беше главната разлика. В среда и тие ќе бидат мотивирани. Не заборавајте дека против Наполи дадовме гол од првата шанса и после Наполи се отвори и ни стави многу простор. Емполи беше затворен, ги затвори сите приоди, Наполи не игра така“ – вели Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести