Пиоли: Во Милан многу работи не функцонираат

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран по дебаклот што неговиот тим го доживеа на гостувањето кај Лацио. Росонерите загубија со убедливи 4:0, но и покрај дебаклот, тие останаа на второто место со 38 бода, еден повеќе од Лацио, Интер и Рома, кои се на делба на третото место, а дури 12 помалку од лидерот Наполи.

„Мораме веднаш да се фатиме за работа бидејќи е јасно дека не прикажуваме игри според нашите можности. Многу работи не функционираат во Милан во моментов, менталитетот, тактиката и примаме многу голови од ситуации во кои би морале поинаку да реагираме“, рече Пиоли.

Милан во 2023 година оствари само една победа, на гости кај Салернитана, а во останатите пет меча доживеа три порази и двапати одигра нерешено.

„Јасно е дека не играме добро во последните две недели и тоа се одразува на резултатите. Мораме да работиме подобро и повеќе“, додава Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести