Пирова победа за Јаховиќ и неговиот Јени против Партизан

Јени Малатијаспор славеше пирова победа против Партизан со 1-0 благодарение на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. Сепак, тоа не беше доволно за турската екипа да продолжи во својот поход кон групната фаза во Лигата на Европа.

На домаќините им требаше уште еден погодок за да имаат резултатска предност по поразот од 3-1 во Белград, но не успеаја по вторпат да ја затресат мрежата на Стојковиќ.

Јаховиќ се запиша во листата на стрелци во седмата минута од мечот по кардиналната грешка на одбраната на Партизан, погодок со кој фудбалерите на Јени беа чекор поблиску до посакуваниот резултат, но до крајот не успеаја во тој обид.

Останати резултати:

Хелсинки 2-2 Рига (Рига оди понатаму), Динамо Тбилиси 1-1 Феенорд (Феенорд оди понатаму), Спартак Москва 2-1 Тун (Спартак оди понатаму), АИК 1-1 Шериф Тираспол (АИК оди понатаму), Аполон 2-1 Австрија Виена (Аполон оди понатаму), БАТЕ Борисов 0-0 Сараево (БАТЕ оди понатаму), Млада Болеслав 0-1 Стеауа (Стеауа оди понатаму), Солигорск 1-1 Торино (Торино оди понатаму), Судува 2-1 Макаби Тел Авив (Судува оди понатаму), Јехуда 2-1 Нефчи Баку (Јехуда оди понатаму), Зорија 1-0 ЦСКА Софија (Зорија оди понатаму), Зрињски 1-0 Малме (Малме оди понатаму).

- Оглас -

Најнови вести