Пирс Морган: Роналдо сака предизвици и нови лиги, затоа е во предност во однос на Меси!

Британскиот новинар Пирс Морган, кој го направи интервјуто со Кристијано Роналдо, по кое стана јасно дека Португалецот ќе си оди од Манчестер јунајтед, смета дека Роналдо е покомплетен од Лионел Меси.

„Благодарение на нашето интервју, Роналдо го потпиша најбогатиот договор во историјата на фудбалот, и сега на 37 години, тој е најплатениот спортист на светот. Според мене, тој е во предност во однос на Меси, затоа што сака предизвици во нови земји, особено сега кога фудбалот на средниот исток го има моментумот после СП во Катар“ – вели Морган.

- Оглас -

Најнови вести