Пјаниќ: Прифатив помала плата само за да „избегам“ од Барселона

По само една година, Миралем Пјаниќ ја напушти екипата на Барселона и замина во Бешикташ. Иако се работи за позајмица со право на откуп, фудбалерот од Босна и Херцеговина не ни помислува да се врати назад во Каталонија.

„Прифатив помала плата само за да ‘избегам’ од Барселона и бидејќи го сакам фудбалот и сакам да играм“ започна Пјаниќ во интервјуто за шпанскиот весник „Марка“ и додаде „Роналд Куман не ме почитуваше и секогаш одбегнуваше да разговара со мене, а јас едноставно сакав да ми се објасни ситуацијата во која се наоѓам“.

Пјаниќ, кој дојде од екипата на Јувентус, за каталонскиот тим одигра само 30 натпревари и не постигна ниту еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести