Пјонтек погодува, Милан победува (видео)

Милан убедливо го совлада Емполи со конечни 3-0 на стартот 25-тото коло во Серија А. Избраниците на Џенаро Гатузо со мало задоцнување ги оправдаа очекувањата, а голгетерот Кжиштоф Пјонтек одново се запиша во листата на стрелци. За него ова е веќе петти гол во дресот на екипата од Милано, вкупно 18-ти за него сезонава во Серија А, па сега му дише во врат на Кристијано Роналдо, кој стои на врвот со 19 погодоци.

Полјакот ја отвори средбата во 49-тата минута, а две минути подоцна Кеси зголеми на 2-0. На погодок се израдува и Кастилјехо во 67-та минута, додека судијата поништи четврти гол на домаќините, кој го постигна Борини, а по сугестија од ВАР собата досудена е недозволена позиција.

Милан со оваа победа сега е зад Интер со само еден бод разлика, имаат 45, додека нивниот градски ривал има 46 бода. Емполи го претрпе 14-от пораз сезонава и со 21 бод и натаму стои на 17-тото место.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=6ZJAq6rc16g

- Оглас -

Најнови вести