Пјонтек: Верувам во себе, но не очекував ваков старт во Милан

Кжиштоф Пјонтек откако се пресели во Милан, на пет меча има дадено шест гола, и тоа не погоди на првиот, па со 6 погодоци на последните четири средби, тој дефинитивно е играчот во најголема форма во Серија А.

Се покажа дека Милан направи одличен бизнис со ангажирањето на Пјонтек од Џенова, кој постигнува голови од секакви позиции, па веќе го споредуваат со најголемите напаѓачи кои ги имал Милан во својата богата историја. Никој пред Пјонтек не успеал во првите 310 минути како член на „росонерите“ да даде 6 гола, а Полјакот им даваше голови на екипи како Рома, Наполи, Аталанта кои воопшто не се слаби ривали.

„Секогаш верувам во себе, но признавам дека шест гола во пет натпревари е повеќе од моите очекувања. Јас сум напаѓач и сакам постојано да давам голови. Гатузо има голема доверба во мене, тој е легенда на клубот и добар тренер. Внимателно ме чуваа, но знаев дека порано или подоцна, топката ќе дојде до 16-никот на Аталанта, и направив движење со кое успеав прв да дојдам до топката и да ја свртам во гол“ – рече Пјонтек, опишувајќи го првиот гол кој беше вистинска мајсторија.

- Оглас -

Најнови вести