Плач кој никого не остави рамнодушен: Џордан по освоената четврта титула (видео)

Видеоисечокот е по крајот на финалната серија вo сезоната 1995/96. Мајкл Џордан со Чикаго ја освои четвртата од вкупно шест титули, прва откако ѝ се врати на кошарката по смртта на неговиот татко Џејмс и авантурата со бејзболот.

Булси во финалето славеа со 4-2 против Сиетл суперсоникс, а мечот за титулата се играше на Денот на татковците. За Џордан тоа беше посебен меч бидејќи првпат се бореше за трофеј, а на трибините недостасуваше неговиот татко, кој беше убиен три години претходно. Јасно е дека Џордан беше погоден од ситуацијата и емоциите преовладуваа, фактот што легнат на земја и плаче на сиот глас го потврдува тоа.

Инаку, овој исечок од архивата се појави во осмата епизода од документарната серија „Последниот танц“, која ги освои симпатиите на јавноста по премиерниот пренос и е актуелна тема за разговор во период кога пандемијата со корона-вирусот преовладува и недостасуваат спортски настани.

- Оглас -

Најнови вести