Корона против Барса е 10:9 – Чави подготвува дебитанти за мечот со Мајорка

Барселона има големи проблеми и уште тројца нови фудбалери со позитивен тест на ковид-19, па за мечот со Мајорка на 2 јануари, Чави Ернандес има само деветмина сениори на располагање.

На најновото тестирање позитивни се и Сержињо Дест, Кутињо и Абде Езалзули. Претходно во изолација поради позитивен тест мораа да одат Алба, Гави, Дембеле, Ленгле, Умтити, Алвес и Балде, што вкупно со новите три случаи значи дека Чави не може да смета на десетмина фудбалери за првиот меч во Новата година, против Мајорка во Ла Лига.

Чави повика на тренинг дури осуммина играчи од втората екипа, односно од Барселона Б, а дел од нив ќе добијат и шанса да бидат стартери против Мајорка.

Феран Жутла и Илијас Акомах се најблиску до позицијата стартери во тимот на Барселона за дуелот со Мајорка на гостувањето во меч од 19-тото коло, што ќе се игра за три дена со почеток од 21 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести