Плејофот во НБА е историски: првпат во полуфиналињата влегоа по еден од прв до осми носител!

Победата на Голден Стејт вориорс против Сакраменто кингс, ги израдува љубителите на кошарката кои ќе имаат прилика да гледаат нови плејоф дуели на Стеф Кари против Леброн Џејмс, а донесе и историја.

За првпат во историјата на разигрувањето за титулата, во конференциските полуфиналиња се најдоа осум тима кои во регуларната сезона беа пласирани од прво до осмо место во своите конференции.

Денвер беше прв на Западот, Бостон втор на Истокот, Филаделфија трета на Истокот, Феникс четврти на Западот, Њујорк петти на Истокот, Голден стејт шести на Западот, ЛА Лејкерс седми на Западот, Мајами осми на Истокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести