Плива во заледена вода, контра течението на реката (Видео)

Хабиб Нурмагомедов важи за еден од најдобро подготвените спортисти. Рускиот борач нема ниту еден пораз во УФЦ кариерата, а посебно се прослави по победата над Конор Мекрегор.

Нурмагомедов реши да покаже еден дел од неговите напорни подготовки. Хабиб влезе во една речиси заледена река и тргна да плива контра течението. Иако се работеше за многу брза река, Нурмагомедов покажа како може да ѝ се спротивстави на ладната вода.

Се очекува следниот меч на Нурмагомедов да биде во април следната година, и тоа против Тони Фергусон, најверојатно во Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести