ПМФЛ со 12 екипи во сезоната 2020/21, одлучи ФФМ

Управниот одбор на ФФМ на денешното Редовно собрание донесе одлука сезоната 2020/21 да се игра со 12 екипи, наместо со 10 како што досега беше случајот. Пелистер и Беласица влегуваат во елитата како лидери на табелите на Истокот и Западот од Втората лига пред прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот.

Што се однесува за третата лига, таа ќе биде поделена во пет региони, еден помалку од претходно и ќе се натпреваруваат до 16 екипи.

Собранието се одржа во „Александар Палас“ хотелот во Скопје, под строги здравствени протоколи и максимално почитување на истите. Од вкупно 97 делегати присутни беа 84, по што се создаде кворум да се гласа и одреди буџетот за 2020 година, но и да се усвојат извештаите за изминатата 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести