По 14 месеци итрите лисици го надмудрија непобедливиот гостин од Манчестер (Видео)

Лестер конечно стави крај на неверојатната серија на Манчестер јунајтед без пораз на гостински терен во последните 14 месеци и со триумф од 3:1 ги елиминира од ФА купот.

Итрите Лисици максимално ги користеа големите грешки на противничките играчи и за првпат по 13 меѓусебни натпревари го победија Јунајтед.

Ихеначо во 24. минута ја искористи катастрофалната реакција на Фред и најави победа на Лестер.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1373687837908901891?s=20

Истиот играч стави печат на големиот триумф на Лестер со втор погодок во 78. минута, пто го скрши отпорот на гостите, кои нема да имаат шанса да играат за пехарот во ФА купот.

Во полуфиналето Лестер ќе игра против Саутемптон, а во големото дерби Челзи и Манчестер сити ќе одлулуваат за вториот финалист.

 

- Оглас -

Најнови вести