По 171 ден поминат во затвор, легендарниот Роналдињо пуштен на слобода!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, конечно е пуштен на слобода. Некогашната бразилска легенда помина речиси шест месеци во затвор во Парагвај поради користење фалсификуван пасош.

Роналдињо беше уапсен по слетувањето во Парагвај, откако властите во оваа земја открија дека пасошот на Бразилецот е фалсификат. Од тој момент започна кошмарот на Роналдињо, кој заврши во затвор. По одреден период поминат во затвор, тој беше префрлен во куќен притвор.

Постоеше опасност Роналдињо долго време да биде зад решетки, но се договори да соработува со властите, па точно по 171 ден, Бразилецот е пуштен на слобода и може да се врати во родната земја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести