По 28 години, во Премиер лигата повторно ќе се игра меч на Бадник

Во англиската фудбалска Премиер лига за првпат по 28 години ќе се игра натпревар на 24 декември, датум кој е еден ден пред католичкиот Божик.

На овој ден обично не се игра фудбал, но таа традиција е прекината и наместо дома со семејствата, фудбалерите ќе бидат на терен.

Мечот кој ќе се игра на Бадник е Вулверхемтон – Челзи. Оваа средба првично беше закажана на 23 декември, но ќе се игра еден ден подоцна, во дневен термин.

Во историјата на Премиер лигата откако е формирана под ова име, во 1992 година, само еднаш се играло на католички Бадник, во 1995 година, кога Лидс го победи Манчестер јунајтед со 3-1.

На 25 ќе нема меч, а на таканаречениот Боксинг деј ќе има како и секогаш. Нема одмор ни за Нова година. Неколку мечеви во англиската Премиер лига ќе се играат и на 31 декември и 1 јануари.

- Оглас -

Најнови вести