По 285 дена отсуство, во дресот на Ливерпул се врати столбот на одбраната

Вирџил ван Дајк повторно заигра во дресот на Ливерпул. Капитенот на холандската репрезентација цели девет месеци беше надвор од теренот поради повреда на коленото. Ван Дајк се повреда на градското дерби против Евертон, а лекарите констатираа дека се работи за скинати лигаменти и првичната прогноза беше дека ќе паузира меѓу шест и 12 месеци.

Сега, по 285 дена од повредата, Ван Дајк ги одигра последните 20 минути на пријателскиот меч против Херта Берлин во поразот на Ливерпул од 4:3. Резултатот на овој меч беше во втор план затоа што најважно за Ливерпул беше враќањето на најдобриот играч во одбраната.

„Пред 285 дена започна мојата рехабилитација. Тешко ми е да кажам како се чувствувам, но ќе кажам дека сум благодарен што добив поддршка од толку голем број луѓе. Им благодарам на хирурзите, на физиотерапевтите, на тренерите и на целиот персонал во болницата коишто внимаваа на мене уште од првиот ден. Им благодарам и на соиграчите, на сите во тимот, на навивачите коишто ми даваа поддршка кога ми беше најтешко. Секако, најмногу му благодарам на моето семејство. Без нив немаше ништо да успеам. Работата не завршува тука. Сега почнуваме“, порача Ван Дајк по синоќешното враќање на теренот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести