По 40 години чекање, повторно се шампиони на Данска, Галатасарај стигна до 26-тиот трофеј во Турција

Фудбалерите на Архус се нови шампиони во првенството на Данска. По долги 40 години чекање, клубот ја обезбеди шампионската титула откако синоќа на гостински терен со 2:0 го победи големиот ривал Брондби и на едно коло до крајот веќе и официјално се најдобри во својата земја.

За Архус ова е вкупно шеста шампионска титула, а прва по точно четири децении чекање. По 31-вото коло, Архус има 64 бода, четири повеќе од Митјиланд, кој во ова коло киксира и одигра само 1:1 против Нордсјиланд. На Митјиланд сега му останува поправен за трофеј во финалето на Купот на Данска.

Освен во Данска, познат е и шампионот во Турција. Галатасарај само потврди дека доминира во Турција и по 26-ти пат во историјата се радува на шампионскиот трофеј. Во меч од претпоследното 33-то коло, Галатасарај на свој терен со 4:2 славеше над Анталија и стигна до 77 бода, што во пресрет на последното коло е недостижно за Фенербахче, кој е на второто место со 73 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести