По 58 години, Црвена ѕвезда најави заминување од „Маракана“

Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ откри дека српскиот првак планира да ја променi инфраструктурата. Според најавите, црвено-белите планираат да се преселат од „Рајко Митиќ“, стадионот кој речиси шест децении е нивни дом.

Најавите се дека Ѕвезда планира да направи свој нов дом, на периферијата од градот, односно во близина на белградскиот аеродром. Според Терзиќ, сегашниот стадион на Ѕвезда, популарната „Маракана“ не може да биде доволно искористен, посебно затоа што во 1963 година кога бил пуштен во употреба, воопшто не постоеле трговски центри какви што сега има на модерните стадиони.

„Ние тука сме сопственици на 16,5 хектари земја и мислиме дека имаме некаков капитал, а всушност немаме ништо. Всушност, имаме само расходи и тоа во вредност од 250.000 евра, колку што плаќаме данок на градот Белград.Стадионот е направен во 1963 година, а на него нема ни еден квадрат деловно или стамбено подрачје, а се наоѓа во најскапиот дел од Белград“, објаснува Терзиќ.

Планот е да се земе земјиште во Сурчин, каде ќе се изради нов модерен стадион со деловен и станбен комплекс. Се планира купување на 20 хектари земја на кое челниците на Црвена Ѕвезда ќе направат модерно спортско здание и нов нивни дом.

- Оглас -

Најнови вести