По Аргентина, дали и на Франција ѝ се подготвува шокантен старт: Австралија води 1:0

Австралија изненадувачки поведе против Франција со 1:0 благодарение на голот на Гудвин само по девет минути игра, во меч од првото коло на Светското првенство во Катар.

Кенгурите ги изненадија фаворитите и изведоа одлична акција која со гол ја круниса Гудвин. Да биде покомплицирано за Галските петли, тука е повредата на Лукас Ернандес во 14-тата минута.

Франција е актуелен светски првак и бранител на тронот освоен во Русија пред четири години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести