По Белгија, може ли европскиот првак вечерва да „пукне“ 7+?

Белгија вчера деветпати ја смести топката во мрежата на Сан Марино, резултатот од 9-0 е редок, но знаејќи ги квалитетите на белгиската селекција како и да се очекуваше таков исход. Квотата за обичен „кец“ беше 1.01, додека за 7+ само 1.45 во Sport Life обложувалници.

И за вечерва има еден дуел во кој може да се постигнат седум или повеќе погодоци. Европскиот првак Португалија во Лисабон го пречекува составот на Луксембург (20:45 часот), меч во кој Роналдо и другарите се апсолутни фаворити. Обичниот „кец“ носи квота од 1.06, речиси да не вреди да се стави на тикет, но затоа може да се проба типот 7+, кој носи коефициент од 8.25 за оние кои сакаат да си ја пробаат среќата.

Сепак, треба да се знае дека Португалија одамна не постигнала седум гола на еден натпревар. Последен пат тоа го сторија во јуни 2016 година, кога ја совладаа Естонија со 7-0 во пријателскиот дуел. Во дуелите против Луксембург, Португалците неколкупати биле блиску со 7+, но застанале на 6-0 и 5-0.

Луксембруг пак, важи за селекција за набивање гол-разлика во сите минати квалификации, па така и овие. Поминаа две години откако дозволија седум или повеќе гола во својата мрежа, таква штета последно и приреди Шведска со 8-0, па можеби е дојдено времето да претрпат еден таков дебакл.

- Оглас -

Најнови вести