По дебаклот од Реал Мадрид, Лапорта отпишал четворица фудбалери, а е разочаран од Левандовски

Барселона вчера доживеа дебакл на Ел Класико, загуби со 0:4 од Реал Мадрид, а по мечот претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, бил толку гневен што посочил четворица фудбалери кои налето можат да си одат од тимот.

Според „Спортскеда“, прв играч кој се најде на удар на Лапорта е Бразилецот Рафиња кој минатото лето беше платен 60 милиони евра. Тој беше целосно надигран од Едуардо Камавинга кого тренерот на Реал, Карло Анчелоти, принудно го стави да игра лев бек. Лапорта е подготвен да го продаде Рафиња доколку пристигне добра понуда.

Уште еден фудбалер кој дојде минатото лето, Френк Кеси, по завршување на сезонава ќе биде ставен на трансфер листата.

Останатите двајца фудбалери кои Лапорта сака да ги продаде се Маркос Алонсо и Серхи Роберто.

Весникот „Мундо депортиво“ пишува дека Лапорта не бил лут, туку разочаран од Роберт Левандовски. Напаѓачот упати само еден удар кон голот на Тибо Куртоа, и не беше многу активен во нападот.

- Оглас -

Најнови вести