По една чиста единица во НБА и НХЛ

8406 Чикаго булс – Јута џез (02.00 часот)

Јута е најуспешен тим во НБА лигата, но на последните четири меча има по две победи и порази, а и на последните четири гостувања имаат 2-2. Истотака и Чикаго е во променлива форма, на последните три средби имаше победа, пораз и еден меч кој заврши нерешено во регуларниот дел. Џезерите победуваа на своите последните две гостувања во Чикаго и примаа под 100 поени. Од последните десет меѓусебни дуели во „Јунајтед центарот“, само на два, двата тима даваа троцифрен број на поени.

Предлог тип: 2 & <228.50 (2.70)

 

8407 Хјустон рокетс – Торонто репторс (02.00 часот)

Конечно еден од овие два тима ќе прекине црна серија и ќе се израдува на победа. Торонто има само една победа на последните 11 меча, додека Рокетс ги загуби последните 20 меча, и не се радувале уште од 5 февруари, а дома не победиле од 29 јануари. Пред неполн месец во Канада, Репторс го совлада Рокетс со 122-111. Рептилите не победила на гостински терен од 20-ти февруари наваму. Нивната последна победа во Хјустон беше во ноември 2017 година.

Предлог тип: >224.5 (1.94)

 

8405 Милвоки бакс – Индијана пејсерс (02.00 часот)

Милвоки има шест победи по ред и се бори за првото место на Истокот. Пејсерс ги доби последните два меча, но тешко дека може да триумфираат против Елените. Пред еден и пол месец, овие два тима играа истотака во Милвоки, домашните дадоа над 20 тројки и победија со 130-110. Бакс е тим кој ретко губи во своја сала, а и традицијата е на нивна страна. Индијана три години не победила во Милвоки, а во шесте порази по ред против Бакс, секогаш примаше над 115 поени.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

8408 ЛА Клиперс – Атланта хокс (03.00 часот)

Атланта е во налет, има осум победи едноподруго. Плус тоа, Јастребите го совладаа Клиперс со 108-99 во нивниот прв меѓусебем дуел сезонава, па на тимот од Лос Анџелес нема да му биде лесно. Клиперс на последните шест меча има по три победи и порази. Атланта од 1 март не загубила на гостински терен. Хокс речиси една и пол година нема гостувано кај Клиперс, но тешко дека заборавиле дека тогаш примија 150 поени.

Предлог тип: Х 2 -7.50 (1.77)

 

8368 Њујорк ренџерс – Бафало сејбрс (00.00 часот)

Хокеарите на Бафало се најлош тим во досегашниот тек од сезоната во НХЛ, па за Ренџерс ова треба да биде само рутинска задача. Сејбрс има 13 порази по ред, и на сите овие 13 меча примаа барем три гола, а притоа само еднаш дадоа повеќе од два. Овие екипи и на 3 март играа во Њујорк, Ренџерс победи со 3-2. Интересно е дека со истиот резултат завршија и другите две нивни меѓусебни средби сезонава, со тоа што еднаш имаше златен гол.

Предлог тип: 1 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести