По германски рецепт – Два гола за три минути, Македонија води со 2:0 по првото полувреме

Македонија е на прагот на втората победа во европските квалификации за континенталниот шампионат следната година, а водиме со 2:0 по првото полувреме против Летонија.

Горан Пандев во 14-тата минута со гол ја круниса прекрасната акција во која учествуваше целиот офанзивен ред на Македонија. Елиф Елмас беше асистент, а капитенот погоди од близина. Веднаш потоа одигравме нова одлична акција, а Енис Барди налета на одбиена топка и во 17-тата минута ја смести зад грбот на Ванис.

Имавме уште неколку одлични шанси предноста да биде повисока, а Иван Тричковски и Горан Пандев утнаа за уште некој гол предност во Рига.

- Оглас -

Најнови вести