По голема драма, Хрватска ја победи Србија

Како што се очекуваше, дербито меѓу Хрватска и Србија во рамките од третото коло во групната фаза на Европското ракометно првенство за жени, донесе драма. На крајот Хрватска се радуваше на триумф од 25:24 и со максимални шест бода е сигурно прва. Србија ќе го чека исходот од мечот Унгарија – Холандија за да знае дали ќе помине во втората фаза или ќе го заврши натпреварувањето.

Во текот на целито меч на теренот во Колдинг беше неизвесно. Србинките подобро го почнаа мечот, а пред крајот на полувремето водеа со 14:10. Сепак, во завршницата од првиот дел Хрватска со серија од 4:0 стигна до 14:14 по 30 минути игра. Драмата продолжи и во вториот дел. По 21:21, Србија поведе со 23:21, но тука и застана. Коцкестите повторно имаа фуриозен финиш. Со нова серија од 4:0 поведоа со 25:23 и тоа беше доволно да стигнат до победата.

Со еден гол разлика заврши и дуелот меѓи Црна Гора и Словенија, а на крајот се радуваа Црногорките. Сепак, овој меч немаше многу драма, затоа што Црна Гора водеше речиси во текот на целиот меч. Најголемата предност ја имаа во средината од второто полувреме кога на семафорот стоеше 22:14.

Вечерва се играат уште два меча и тоа меѓу Франција – Данска и Холандија – Унгарија, со кои треба да се комплетира првата фаза од ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести