По инцидентот, Ѓоковиќ исчезна без да се огласи, дали со тоа признава дека е виновен?

Новак Ѓоковиќ засега не се огласи околу инцидентот, по кој беше дисквалификуван од Отвореното првенство на САД. Српскиот тенисер ненамерно со топче удри една од линиските судијки, која падна и бараше лекарска помош.

Поради овој инцидент, Ѓоковиќ беше исфрлен од турнирот, а неговиот противник Пабло Карено-Буста по службен пат помина во следната фаза. Иако Србинот се обидуваше да објасни дека целиот инцидент е само еден лош момент, а организаторите во писмено објаснување открија зошто Ноле е исфрлен.

Објаснето е зошто Ноле е исфрлен, а тенисерот остана без зборови и само тивко си замина од стадионот „Артур Еш“. Србинот беше забележан како си заминува, и тоа без да одржи прес-конференција во која требаше да го каже својот став околу целата ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести