По испаѓањето од Реал во ЛШ, сопствениците на Сити ќе го тешат Гвардиола со засилување вредно 100 милиони евра

Манчестер сити синоќа абдицираше од европскиот фудбалски трон откако во четврфиналето загуби од Реал Мадрид, и тоа во пенал-рулетот, но сопствениците на Граѓаните планираат експресно да се вратат на тронот и за тоа се подготвени налето добро да го одврзат ќесето.

Граѓаните во синоќешниот натпревар доминираа во текот на сите 120 минути, но не успеаја да најдат начин повеќе од еднаш да ја пробијат одбраната на Кралевите и поради тоа во летниот преоден рок управата ќе го засилува средниот ред.

Весникот „Гардијан“ пишува дека управата на Манчестер сити налето ќе оди на сè или ништо во обидот на „Етихад“ да ја донесе младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусијала.

За да дојдат до потписот со Мусијала, Граѓаните се подготвени да платат 100 милиони евра, а доколку им биде одбиена оваа понуда, веднаш ќе испратат 20-тина милиони евра потешка понуда.

Во Сити се надеваат дека олеснителна околност во реализацијата на трансферот би требало да им претставува и податокот дека Мусијала сè уште не го продолжил договорот со Баерн, а актуелниот договор му истекува во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести