По кошаркарите, и во МЛС-лигата се одложија натпреварите во знак на протест

Натпреварите во МЛС-лигата кои требаше да се одиграат ноќеска исто така се одложија во знак на протест. Фудбалерите ја поддржаа одлуката на ѕвездите од НБА-лигата да не се одржат закажаните натпревари од плејофот поради инцидентот со Џејкоб Блејк, кој беше застрелан од страна на полицаец во сојузната држава Висконсин.

И не само во МЛС-лигата, се одложија мечеви во женската НБА-лига, како и МЛБ-бејзбол лигата, а засега е нејасно кога тие ќе се одиграат во нови термини.

Во меѓувреме, се шпекулира дека во Балонот во Орландо веќе е дискутирана опцијата играчите да одбијат да ги доиграат разигрувањата. Леброн Џејмс е еден од иницијаторите на бојкотот, а многу работи ќе се разјаснат по состанокот на кошаркарите.

- Оглас -

Најнови вести