По најбрзиот овосезонски гол во Ла Лига, следуваше рапсодија на „Сан Мамеш“ (видео)

Атлетик Билбао го растури Хетафе со 5-1 за продолжување на добрата серија по освојувањето на шпанскиот Суперкуп. Баскијците по пет години пауза конечно ја прекинаа негативната низа и остварија триумф против Хетафе.

Билбао тргна многу лошо откако прими гол само по 18 секунди од стартот на натпреварот, што е овосезонски рекорд во шпанското првенство. Кукурела уште во првиот напад на натпреварот ја затресе мрежата на Симон, но тоа беше најава за неочекуван исход на „Сан Мамеш“.

Погодокот на Кукурела можете да го видите на следниот ЛИНК.

Раул Гарсија ги врати домаќините во игра во 12-тата минута, а по израмнетите 1-1 во првиот дел, тимот на Марселино се разигра и во четири наврати ја тресеше мрежата на Хетафе. Алварес ја најави победата во 50-тата минута, Гарсија со својот втор гол зголеми на 3-1 на половина час до крајот, а Беренгер и Де Маркос ја потврдија петардата.

https://streamable.com/f7mrvc

Билбао со овој триумф стигна до 24 бода и деветтото место на табелата во Ла Лига, Хетафе е 13-ти со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести